за нас

Денес, со околу 30 вработени, Орион Инженеринг, од мала семејна компанија далечната 1993 година, прерасна во модерна компанија со препознатлив имиџ по квалитетните производи и услуги и си го најде своето место во металната индустрија.

Нашата цел е постојано да инвестираме во нови технологии, да го зголемуваме знаењето и бројот на вработени, да го прошириме асортиманот на услуги и производи, да бараме нови клиенти на домашниот и странскиот пазар и постојано да го подобруваме менаџерскиот тим на компанијата.

Ние ги третираме нашите клиенти, деловни партнери и вработени со посебна почит, доверба и интегритет

Квалитетот на нашите производи, заштитата на животната средина, експертизата и иновативноста се клучните вредности по кои се водиме во нашата секојдневна работа.

Визијата на нашата компанија е да бидеме прв и доверлив партнер на нашите клиенти, во изборот на услуги од областа на машинството и производството на делови, според нивните потреби. Работиме на развојот на компанијата преку следење на технологиите, опремување на производниот и машинскиот парк, едукација на вработените и барање пазари и клиенти надвор од Македонија.

Мисијата на нашата компанија е CNC обработка на метални и лимови производи со висока прецизност и други услуги поврзани со преработка на метали и неметали. Секојдневно ја зајакнуваме позицијата на нашата компанија на домашниот и на странскиот пазар.

Нашите вредности

Квалитет и способност: Имаме стандарди за да ја одржиме контролата врз работата и да ја извршуваме со максимален квалитет.

Интегритет и објективност: Ние сме професионалци и им служиме на нашите клиенти врз основа на вредности и принципи.

Професионализам: Ние сме експерти во она што го работиме.

Посветеност: Се идентификуваме со нашите вредности и постапуваме така што тие да се рефлектираат во сè што правиме.

Соработка со клиенти: Се фокусираме на исполнување на потребите на нашите клиенти и обезбедување услуги и производи според нивните потреби.

Нашите партнери

Контактирајте со нас денес

+ 389 48 419 090

Заштита на податоци

1 + 9 =