
За нас
Почетокот на ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ датира од 1993 година кога компанијата работеше како мала машинска работилница под друго име.Во почетокот основна дејност на фирмата беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Поминувајќи низ разни фази на неповолни и поволни услови во стопанството нашата инженерско – занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија .
Денес ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е компанија со околу 30 вработени со тенденција за зголемување на знаењето и бројот и обученоста на вработените,проширување на асортиманот на услугите и производите,освојување на нови сегменти од пазарот и стално усовршување на менаџерскиот тим на фирмата. Главна дејност на фирмата е цнц обработка на метали и лимови.
Kон нашите клиенти, деловните партнери и вработените се грижиме со особена почит, доверба и интегритет.
Квалитетот на нашите производи, заштитата на животната средина, стручноста и иновативноста се клучните вредности според кои се водиме во нашето секојдневно работење.
Визијата на нашата компанија е бидеме прв и сигурен партнер на нашите клиенти, во изборот на услуги од областа на машинството и производство на делови, согласно нивните потреби. Работиме на развој на компанијата преку следење на технологиите, опремување на производствениот и машински парк, едукација на вработените и барање на пазари и клиенти и надвор од Македонија.
Мисијата на нашата компанија е проектирање и изработка на производи од метал и метални лимови, изработка на делови и други услуги поврзани со обработката на метали и неметали. Секојдневно ја зацврстуваме позицијата на нашата компанијата на домашиот и странски пазар.
Вредности.
- Интегритет и објективност:Ние сме професионалци и им служиме на нашите клиенти врз основа на вредности и принципи.
- Квалитет и можност: Имаме стандарди за да ја одржиме контролата на работата и да ја спроведуваме со максимален квалитет.
- Професионализам: Ние сме стручни во она што го работиме.
- Посветеност: Ние се идентификуваме со нашите вредности и постапуваме така што тие се рефлектираат во сè што правиме.
- Соработка со клиентите: Се фокусираме на исполнување на потребите на нашите клиенти и обезбедување на услуги и производи според нивните потреби.