ЗА НАС

Почетокот на ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ датира од 1993 година  кога компанијата  работеше како мала машинска работилница под  друго име.Во почетокот  основна дејност на фирмата беше изработка на резервни делови за земјоделски машини, како и класични машински услуги. Поминувајќи низ разни фази на неповолни и поволни услови во стопанството нашата  инженерско –занаетчиска работилница успеа да се афирмира со својот препознатлив имиџ и да си го најде местото во металската индустрија .

Денес  ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ е  компанија со околу 30 вработени  со тенденција за зголемување на знаењето и бројот и обученоста на вработените,проширување на асортиманот на услугите и производите,освојување на нови сегменти од пазарот и стално усовршување на менаџерскиот тим на фирмата. Главна дејност на фирмата е изработка на резервни делови за индустрија и изработка на алати за лиење пластика,бризгање пластика како и алати за пробивање,виткање и просекување на лимови.Производната програма ја следат и современи машини ( ЦНЦ глодалка, ЦНЦ струг, ЦНЦ ерозимат со жица ) кои овозможуваат квалитетно производство со високопрецизни конструктивни карактеристики. ОРИОН ИНЖЕНЕРИНГ поседува опрема и стручен кадар за проектирање во најсовремени ЦАД-ЦАМ софтвери (MASTERCAM X7) така да изработката на делот или алатот  може да ја спроведи  од идеја до реализација.

На чело на компанијата се наоѓа  инженерски тим кој при конструирањето и производството се труди да во што поголема мера ја искористи современата технологија  која обезбедува заштеда на време, зголемена производност  и подобрен квалитет користејки ги современите софтверски пакети и ЦНЦ машинските обработливи центри, а не запоставувајќи ги традиционалните методи на обработка.

Ова е нашата референтната листа на клиенти:

      • KROMBERG & SCHUBERT - БИТОЛА – автомобилска индустрија
      • DREKSLER MAJER - КАВАДАРЦИ – автомобилска индустрија
      • WABTECH - СКОПЈЕ
      • MIKROSAM АД ПРИЛЕП – композитни машини
      • ВИТАМИНКА  АД ПРИЛЕП – прехрамбена индустрија
      • ПРИЛЕПСКА  ПИВАРНИЦА АД ПРИЛЕП -  прехрамбена индустрија
      • КОМФИ АНГЕЛ – ПРИЛЕП – конфекција
      • ПЕЧАТНИЦА 11ти ОКТОМВРИ – ПРИЛЕП  - печатница
      • ЛАМИНАТИ КОМ – ПРИЛЕП – ф-ка за композитни материјали
      • МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ – ПРИЛЕП – мермерна компанија
      • ЛАРИН МРАМОР КОМПАНИ – СКОПЈЕ  - мермерна компанија
      • БАЛКАН МИРАБЛЕ ИНДУСТРИ – СКОПЈЕ – мермерна компанија
      • ЧИФТЈИЛДИЗ МЕРМЕР – ПРИЛЕП - мермерна компанија
      • ДРЕНИК М  СКОПЈЕ  – ватара
      • КРИН КГ  ПРИЛЕП – компанија за преработка за гранит и мермер
      • КРИН ПРОИЗВОДСТВО ПРИЛЕП -компанија за преработка за гранит и мермер
      • АФИКС ПЛАСТ – ПРИЛЕП – производство на пластични цевки
      • ПОЛИМЕРИ ПЛАСТ – ПРИЛЕП – производство на пластични елементи
      • ФУСТЕЛАРКО БОРЕЦ АД БИТОЛА – печатница
      • КОПЕР НЕГОТИНО – фабрика за шпорети
      • МЕТАЛЕЦ АД БИТОЛА – фабрика за шпорети